13 Мај, 2024
0.0278

„Балет“ на Маја Златевска е најдобра фотографија на конкурсот на тема „Емотивната страна на културата“

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Триесеттина фотографии беа претставени на изложбата што вчеравечер беше отворена во Македонската опера и балет во Скопје, а која што ја организира „Еуролинк осигурување“ во рамки на проектот „Денови на фотографијата“. На тема „Емотивната страна на културата“, стручното жири, составено од познати фотографи и уредници, за победничка ја прогласи Маја Златевска со нејзиното дело „Балет“. За освоеното прво место таа ќе добие ваучер во вредност од 60.000 денари. По неа се пласираа Виктор Поповски и Елена Илиоска кои за втората и за третата позиција освоија по еден ваучер од 30.000 и од 15.000 денари. Изложбата во МОБ ќе биде отворена до среда, 10 декември 2014 година a средствата од продажбата ќе бидат донирани во одделот за Дигитални уметности (фотографија) во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, додека 12 фотографии, вклучувајќи ги и наградените, ќе се најдат во календарот за следната година. Во периодот од 15 октомври до 15 ноември 2014 година пристигнаа околу 200 фотографии на тема „Емотивната страна на културата“ на „Фејсбук“-профилот на „Еуролинк осигурување“. Вљубениците во оваа уметност, аматери и професионалци, испраќаа свои дела со најемотивните моменти од концерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации. Проектот „Денови на фотографијата“ е дел од платформата за општествена одговорност „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности” чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура и уметност.

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН