17 Мај, 2024
0.0266

БАДНИКОВА ТРПЕЗА: Мрсни цени за посен Бадник!

Објавено во: Финансии 05 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Како пред Велигден така и пред Бадник.

Пазарџиите ги набилдаа цените па за да ја наполнат Бадниковата трпеза граѓаните ќе треба да потрошат околу 3000 денари.

Иако традицијата налага вечерата да биде посна, цените на производите кои вообичаено се наоѓаат на бадниковото мени, и не се така посни. 

Лепче, грав, риба, тиква, туршија, сармички, посни пити и компири, се производите кои речиси секое семејство за Бадник ги поставува на трпезата. Бадниковата вечера, традиционално се збогатува и со портокали, мандарини, јаболка но и костени и ореви кои вообичаено, секоја година, ден пред Бадник, на пазарите се продаваат со драстично зголемени цени.

Така денеска поминавме на пазар и сами се уверивме. Костените се продаваат за 200 денари речиси на секоја тезга, а тука некаде се и оревите кои годинава чинат од 150 до 200 денари. 

Осличот чини од 100 до 150 ден/кг.

Граѓаните реагираат и велат дека пазарџиите пред Бадник, освен костените, ги зголемиле цените и на зеленчукот и на рибата.

„Скапо особено ако чекаш и пазариш ден пред Бадник. За споредба, пред само една недела костените чинеа 150 денари, а сега се продаваат за 200 денари што е лудост. Дури и рибата ја поскапиле за 20 денари, како да само еднаш се пазари“, револтирано велат граѓаните. 

Сепак, традицијата е таква. Граѓаните ќе стават од се по малку на маса без разлика што Бадниковата трпеза ќе биде скромна.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!