19 Мај, 2024
0.0256

Азески преку Анѓушев ќе лобира Владата да ги засука ракавите за патиштата, железницата и гасот

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Без пруга и патен правец кој е во катастрофална ситуација, Коридорот 8 кој ја поврзува Македонија со Турција и Албанија од едната и со Бугарија од другата страна долги години сведочи за лошата политика на власта кон овие капитални проекти. 

Претседателот на стопанската комора Бранко Азески од село Жидилово кај Крива Паланка побара Владата поенергично да се ангажира. 

Вели дека бизнисот трпи голема штета од лошата инвестициона политика во инфраструктурата. Рече дека Стопанската комора преку својот претставник во Владата, Кочо Анѓушев од денеска ќе лобира сите зацртани инфраструктурни проекти да се реализираат. 

„Има само еден пат кој е во очајна состојба, нема пруга, има инсталација за гас еве овде има и мерна станица но не е искористен. Затоа излеговме овде во Жидилово и врз основа на сознанијата почнуваме интезивно лобирање Владата да ги реализира зацртаните проекти. Во програмата стои дека треба да се изгради експресен пат од Ранковце до Крива Паланка и пат од Крива Паланка до Деве Баир и ние бараме тие проекти да се реализираат во зацртаните рокови. Преку нашиот претставник во Владта ќе лобираме интензивно да се работи на тоа“, рече Азески од Жидилово.

Коридорот 8 е долг 950 километри а 316 километри е делот кој поминува низ Македонија. Вкупната стокова размена меѓу земјите долж коридорот, Турција, Македонија, Албанија и Бугарија е 1,2 милијарди долари. Азески вели дека добро е што Македонија ќе се поврзе со гасовод и со Грција оти овој преку кој Гама носи гас од Бугарија е малку искористен и поради тоа енергенсот е скап.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа