09 Мај, 2024
0.0252

Азески: Двете страни да ги приближуваат ставовите со преговори

Објавено во: Економија 15 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Македонското стопанство се наоѓа пред најголемиот предизвик досега. Во моментов никој не може да процени колку ќе трае и како ќе се развива тој предизвик. Владата засега се снаоѓа добро и тоа е за поздравување, иако се работи за Влада со ограничени ингеренции. Но, мора да се упати апел за спас на домашните компании и бизниси, да се креираат мерки за сите можни сценарија. Нашите интерни анкети покажуваат дека состојбата меѓу компаниите е демотивирачка зашто недостасува предвидливоста како клучен фактор за бизнисот. Збунети сме и од немањето заедничка стратегија за справување со пандемијата од страна на ЕУ, како и од состојбата што секоја држава применува посебни мерки, што претставува основа за брз колапс на бизнисот, вели за МИА претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, коментирајќи ја новонастанатата ситуација предизвикана од коронавирусот.

На прашањето, што е потребно за справување со состојбата, Азески потенцира дека во вакви услови треба да бидат избалансирани степенот на барањата на компаниите и реалната можност на државата да одговори на нив, двете страни да ги приближуваат ставовите со упорни преговори.

Азески: Барањата на компаниите и реалната можност на државата да бидат избалансирани, двете страни да ги приближуваат ставовите со преговориПорачува и дека, ако се гледа регионално и пошироко, во овој момент е важно да функционира транзитниот сообраќај низ Република Словенија и Република Хрватска. Тоа, напоменува, е од огромна важност за македонската економија и затоа мора да се направи сé тој коридор да се одржува во кондиција ако не сакаме да имаме брз колапс на економијата. Притоа е неопходно да се разграничи дека постои разлика во забраните за лицата и за стоките. Тоа создава забуни кои имаат сериозен одраз на терен - истакнува претседателот на најголемата бизнис асоцијација во државата.

Според него, прашањето на општествената одговорност на јавниот и на приватниот сектор мора да се подигне на максимално високо ниво. Секој треба да е свесен дека ќе има негативни реперкусии врз неговата позиција.

-Не може да се очекува дека никој нема да биде оштетен во текот на расчистувањето на состојбите. Тоа значи дека степенот на барањата на компаниите и реалната можност на државата да одговори на нив треба да бидат избалансирани и со упорни преговори да се приближуваат ставовите. Искуствата од досегашните кризи низ кои сме поминале зборуваат дека мора да се спасат компаниите зашто со тоа се спасува државата. Сведоци сме дека во целиот свет се истураат милиони и милијарди за спас на компаниите и затоа ја охрабруваме Владата тоа да го има предвид. Но, и компаниите мора да бидат реални во своите барања, подвлекува Азески.

Тој го поздравува и фактот дека од самиот почеток во конципирањето на мерките се вклучени и бизнис-асоцијациите, преку Платформата за јавно-приватен дијалог.

-На тој начин ќе бидеме сигурни дека Владата ќе ги има на располагање реалните потреби на компаниите за справување со кризата, што е темелен услов за креирање вистински мерки. Стопанската комора на Македонија во целиот процес стои зад компаниите и останува на располагање за сите отворени прашања кои ќе произлезат во натамошниот период, напоменува Бранко Азески.

Азески: Барањата на компаниите и реалната можност на државата да бидат избалансирани, двете страни да ги приближуваат ставовите со преговори


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување