Автомобили без возачи - бум во Европа
Објавено во: Свет 03 Декември, 2016
Според детално истражување, финансирано од Nissan, автомобилите кои сами се управуваат ќе го предизвикаат следниот голем бум во автомобилската индустрија.
Јапонската компанија одамна има интереси во областа на беспилотна мобилност, а неодамна побарала соработка со аналитичар од Policy Network, со кој работеле заедно на истражувањето. БДП на стариот континент ќе се зголеми за 5,3% оваа година во однос на сегашната вредност благодарение на оваа технологија, покажува истражувањето. Овие автомобили ќе започнат да додаваат по 0,15% на годишна основа кон растот на европската економија во следните децении.
Во анкетата учествувале вкупно 6.000 полнолетни луѓе од 6 европски држави. Повеќе од половина од нив (58%) изјавиле дека веруваат дека е потребно персоналната мобилност да се развие.
Според испитаниците беспилотните модели ќе ги намалат сообраќајните несреќи предизвикани од човечка грешка, што се смета за главна предност на беспилотните автомобили. 56% од испитаниците наведуваат и други два плуса, кои би ги натерале да си купат ваков автомобил - помалку сообраќајни инциденти и помалку стрес зад воланот.