16 Мај, 2024
0.0253

AVON LIFE BY KENZO TAKADA оваа есен пристигнува во Македонија

Објавено во: Мои пари 05 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Денес, Корпорацијата Avon Products го голема чест и радост го објавува новото глобално партнерство со светски познатиот дизајнер Кеnzo Takada. Признат како водечки светски дизајнер, Кenzo Takada ја основа својата истоимена луксузна модна куќа во Париз, во 1970-та година, со што стана првиот луксузен бренд основан од Јапонец, а со седиште во Париз. Овој дизајнер е познат по креирањето на иновативни стилови, но и по неговите најпродавани мириси кои во себе ги обединуваат најдобрите елементи од Истокот и Западот. Неговиот авангарден изглед ја направи неговата колекција омилена за познатите личности од А-листата. Во секој дизајн, Кenzo Takada ја нагласува убавината и позитивноста – лична мантра која соодветствува со основната порака која лежи во основата на AVON.

Avon Life by Kenzo Takada pristignuva vo Makedonija 1Во првата фаза од партнерството, Kenzo Takada ја инспирира фантазијата преку неговата зашеметувачка нова колекција на мириси, дизајнирана ексклузивно за AVON. AVON LIFE by Kenzo Takada е нова линија на мириси, развиена околу ветувањето да се Живее Животот Убаво, а во која е вградена непоколебливата позитивност која лежи во срцето на дизајните и самата личност на Кenzo Takada. Таа содржи мирис за мажи и мирис за жени и истата ќе биде лансирана на македонскиот пазар на почетокот на октомври оваа година.

Покрај претходно креираните премиум мириси, сакав да работам со AVON за заеднички да создадеме нова колекција со голема достапност до жените од целиот свет, вели Кenzo Takada. “Моето искуство со тимот на AVON беше неверојатно. Благодарение на нивната страст, позитивност и енергија, создадовме безвременска и карактеристична линија мириси која го пренесува раскошот на природата, убавината и позитивноста. Воодушевен сум од крајниот резултат.

Кenzo Takada е вистински визионер и целосен професионалец, изјави Фернандо Акоста, Извршен Потпретседател и Маркетинг менаџер во AVON. Тој лично работеше со нашиот тим за да го развие секој аспект од овие мириси, од миризливите ноти, па сѐ до дизајнот на шишенцата. Неговата визија е неспоредлива, а неговото чувство за оптимизам и убавина е слично со она за што AVON се залага. Ние сме среќни што го склопивме ова партнерство и нетрпеливо го очекуваме нашиот следен заеднички чекор.

Покрај лансирањето на мирисите, AVON и Kenzo Takada соработуваат и на модна линија со инспиративни парчиња, која ќе биде достапна во текот на 2017-та година.

AVON е компанија која веќе 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сѐ – за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon Color, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот. Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи на www.avoncompany.com

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“