19 Мај, 2024
0.0479

АВМУ: Има правила за еднаков пристап и за потпалувачки говор

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Неколку политички субјекти - учесници во изборниот процес, ја информираа Агенцијата дека одредени медиуми не известуваат за нивните активности од изборната кампања, информираат од оваа институција. 

„Потсетуваме дека сите радиодифузери коишто одлучиле да ги покриваат изборите, според Изборниот законик, се должни тоа да го прават на правичен, избалансиран и непристрасен начин во својата вкупна програма. Без оглед на јазикот на кој го емитуваат својот програмски сервис, на учесниците во кампањата треба да им овозможат подеднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување - вести, посебни информативни програми, бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање. Избалансирано покривање на изборниот процес треба да обезбедат во согласност со принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати за пратеници. Овој принцип важи за сите облици на изборно медиумско претставување, освен за платеното политичко рекламирање“ - додаваат оттаму.

Имајќи предвид дека со почетокот на изборната кампања се регистрира пожестока реторика во настапите на учесниците во изборниот процес, Агенцијата апелира медиумите да внимаваат при емитувањето изјави со потпалувачки говор или дури и со елементи на говор на омраза. Ваквите изјави треба да бидат соодветно контекстуализирани, а медиумите да се оградат од нив.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата