09 Мај, 2024
0.2658

АВАЈА промовира нова кампања „Мојот глас – Твоја должност“

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Роми активисти и интелектуалци од граѓанската иницијатива АВАЈА, денеска, ја промовираа својата нова кампања „Мојот глас – Твоја должност“ во пресрет на парламентарните избори 2020. Тие бараат политичките партии да ги вклучат приоритетите на Ромската заедница во своите политички програми.

Во рамки на кампањата, претставниците на АВАЈА ќе организираат јавни сослушувања со носителите на листите за пратеници во 6-те изборни единици и централен настан на 8-ми април 2020, каде ќе се организира сослушување со претседателите на двете најголеми партии, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

На денешниот брифинг со новинарите, тие најавија дека ќе обезбедат поддршка од 12.000 Роми од 17 општини од Македонија за вклучување на приоритетите во политичките програми.

„АВАЈА воспостави структури на тим лидери во 17 општини, кои спроведуваат консултации со Ромската заедница за проблемите и потребите кои се идентификуваа во изминатиот период. Организиравме и средби со советниците на двете најголеми партии ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ каде што им ја претставивме кампањата. Одиме на средби и со амбасадори од различни земји, каде што ги истакнуваме потребите на Ромската заедница за да обезбедиме поддршка за заложба на политичките лидери за реализација на потребите на заедницата. Во текот на изборите активно ќе го следиме целиот процес со мониторинг тим кој ќе известува за сите нерегуларности и споредување на фер избори. За да ја зголемиме свеста кај заедницата и зрелоста кај политиките партии, организираме јавни дебати помеѓу ромските политички партии и граѓански активисти за дадат отчет за сработеното и со тоа да се придонесе за информиран избор на претстојните избори“, рече Алберт Мемети.

Според Елвис Шаќири, АВАЈА е граѓанска иницијатива, односно „Глас на Народот, која што пред се работи во интерес на заедницата и нема поврзаност со ниту една политичка партија. Остануваме посветени на барањата на Ромската заедница и активно ќе го следиме процесот на реализација на ветувањата, користејќи ги сите демократски средства. Со цел да ја зголемиме свеста кај заедницата и зрелоста кај политичките партии, организираме јавни дебати помеѓу ромските политички партии и граѓански активисти за дадат отчет за сработеното и да се придонесе за информиран избор на претстојните избори“.

Оваа втора кампања, организирана од АВАЈА, има цел да ги застапува интересите и приоритетите на Ромската заедница на предвремените парламентарни избори 2020 и да ја подигне политичката култура за информиран избор кај ромската заедница.

Според претставниците на граѓанското движење АВАЈА, овој пристап ќе придонесе кон подигнување на политичката култура на ромските гласачи и ќе овозможи да направат информиран избор кој ќе биде во интерес на ромската заедница. Овие активности ќе придонесат кон зголемување на заложбите на политичките субјекти за решавање на проблемите на Ромската заедница. 


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ОСВОИЈА ПАРТИИТЕ - ДИК СО ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Први се ВМРО-ДПМНЕ, ВТОРИ СДСМ, А ТРЕТИ ДУИ

ЕВЕ КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ОСВОИЈА ПАРТИИТЕ - ДИК СО ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Први се ВМРО-ДПМНЕ, ВТОРИ СДСМ, А ТРЕТИ ДУИ

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција