18 Мај, 2024
0.0286

АВАЈА ќе организира средба на 1.000 граѓани Роми со претседателските кандидати

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателските кандидати Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски, на 03 мај 2019 година, ќе имаат средба со повеќе од 1.000 граѓани Роми во рамки на кампањата „Ние Гласаме, Ние Одлучуваме”. На денешната средба со новинарите, граѓанските активисти Акиф Кариман и Елвис Шаќири информираа дека граѓанската иницијатива „АВАЈА“ собра 10.000 потписи во 14 општини.

„Граѓанската иницијатива АВАЈА, во изминатите 15 дена, активно беше вклучена на терен за да го слушне гласот на ромскиот народ и собра поддршка од ромската заедница во однос на Манифестот со трите приоритетни барања на ромската заедница. За осум дена теренска работа се собраа 10.322 потписи. Овој факт укажува на потребата од посериозни напори за унапредување на положбата на Ромите“, порача Кариман.

Во Манифестот се нотирани следните барања кои ги испорача ромската заедница: Ромите да бидат минимум 2% застапени во државната и јавната администрација за да се запази првичната застапеност по институциите, особено во министерствата, потоа двојна буџетска алокација за решавање на проблемите и двојно поголема реализација на капиталните инвестиции во ромските населби до 2020 година.

Ние како иницијатива очекуваме дека по јавната средба со претседателксите канддидати, ромската заедница самостојно ќе одлучи за кого ќе го даде својот глас. Затоа, апелираме до заедницата активно да придонесе во овој дел со искористување на своето право на глас во вториот круг на изборите. Изборните резултати на првиот изборен круг покажаа дека Ромското гласачко тело очекува конкретни резулати за нивните проблеми“, рече Елвис Шаќири.

Тој потенцираше дека „во изминатите години, ромскиот гласачи беа манипулирани преку купување на нивниот глас, притисоци и разни други форми кои го загрозуваа нивното демократско право на глас и информиран избор“. Затоа, упатува и јавен апел да го задржат нивото на политичката култура и зрелост која ја демонстрираа ромските граѓани и да го искористаат свето право на глас без никакви притисоци.

Со оваа иницијатива се делува во насока на охрабрување на гласачите Роми да учествуваат во вториот круг на претседателските избори и да го искористат своето право на глас со што ќе придонесат кон подигнување на политичката култура на ромската заедница и демократските процеси во Република Северна Македонија.

АВАЈА е иницијатива која ги аритикулира барањата на ромската заедница преточени во Манифест, којвеќе е презентиран пред премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, пред политичките субјекти, пред дипломатскиот кор и пред ромската заедница.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата