27 Април, 2024
0.0290

(АУДИО)Нови снимки од Конгресот: Снимен е и кумановскиот градоначалник Димитриевски

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Нови аудиоснимки од затворениот дел на Конгресот на СДСМ кој се одржа во неделата излегоа денеска во јавноста. По објавата на аудиото од говорот на екс заменичката Радмила Шекеринска и на Владимир Митревски, вчера, сега на нова страница на фејсбук поставени се делови од обраќањата на Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово и на  Хазафер Амруловски од Центар Жупа. Се поставуваат на страницата „Оставка на Заев“ откако вчера наеднаш исчезна страницата „Реформи во СДСМ“, каде беа аудијата од Шекеринска и Митревски. 

Димитриевски вели дека некои општински организации се претвориле во здруженија на мали групи и дека има примери со кои партијата наликува на ВМРО-ДПМНЕ.




„Гледам дека не сите наши партиски другари го доживуваат или го разбираат слоганот на транспарентност, отчетност и одговорност, па всушност, за жал, ги трансформираа одредени општински организации, а со тоа делумно и партијата, а можеби грешам, во здруженија на мали групи организирани, заемно поврзани луѓе. Ќе направам сѐ, во рамки на своето членување во партијата, овој начин на функционирање на партијата да се промени во целост. Но, првенствено, ниту во еден момент не смее да заборави ниту еден наш партиски функционер, носител на јавна, државна и политичка функција, дека не смееме да оставиме впечаток дека наликуваме на она против што своевремено се боревме, а за жал имаме такви примери. Лоши примери, кои во јавноста генерираат лоша слика за нас како политички субјекти“, се слуша Димитриевски во удиоснимката.



Во истата објава има и нова снимка, за која се посочува дека се слуша гласот на делегат од Центар Жупа, кој вели дека функционерите од СДСМ заборавиле на членството и работат само за своите лични интереси.

Шекеринска во говорот кој беше објавен вчера вели:

„Морам да кажам дека за некои работи сум и загрижена и сакам апсолутно да не сум во право. Загрижена сум дека за одредени прашања влегуваме во старата замка, а тоа е да ги затвораме очите од некои проблеми од кои само ние можеме да ги решаваме, никој друг. Загрижена сум за тоа чувство дека ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми. А тие проблеми само се зголемуваат. Загрижена сум што е сомнително кога некој има став и некаква позиција, исправна или не. А не кога ги жртвува и ставот и принципите за некаква лична цел. И загрижена сум што повеќе почнавме да им веруваме и да им помагаме на луѓето коишто ескивираа или се дистанцираа, а помалку на оние коишто страдаа заедно со нас. Се надевам дека тоа мое чувство дека за некои работи шушкаме, а не зборуваме за да го решиме проблемот, тоа нема да ѝ помогне, само ќе ѝ одмогне на партијата, се слуша на снимката.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“