19 Мај, 2024
0.0265

Ауди ја има најдобрата продажба во историјата?!

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Уште еден германски производител на луксузни автомобили оствари рекордна продажба во првата половина на 2014 година. Ауди во првото полугодие на купувачи ширум светот им испорачал 869.350  возила.

Компанијата на тој начин забележала раст на продажбата од 11,4 одсто во однос на резултатот кој е постигнат во истиот период во 2013 година.

Пораст на испорака е остварен и во јуни, и тоа за 10.8 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Во овој месец пласирани се 155.450 автомобили на марката Ауди.

Како што е случајот кај Мерцедес, за зголемување на продажбата најзаслужни се компактните модели. Продажбата на Ауди А3, кој во најновата генерација за прв пат има и лимузинска верзија, скокна во првата половина од годината дури за 49,4% и изнесуваше 144.750 единици.

Значајно зголемување на испораката остварил и Ауди  Q3 (+37%).

На двата значајни светски пазари, северноамериканскиот и кинескиот, во јуни се посигнати одлични резултати.

Во Северна Америка се испорачани 20.158 автомобили (+21,2%), а во Кина, по прв пат продажба во еден месец, продадени се преку 50.000 Аудија (+14,1%).

Од почетокот на годината, само на пазарот на САД се продадени 84.349 автомобили (+13,6%), а до кинеските купувачи стигнале 268.666 возила со знакот на Ауди  (+17,8%).

Продажбата во Европа исто така е порасната, па во текот на јуни се испорачани 69.250 возила (+6,4%), а во првата половина на годината 410.050 автомобили  (+6,9%).

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата