Добивај вести на Viber
Аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина има астрономски цените на угостителските услуги, повисоки дури и од цените на аеродромите во Виена, Франкфурт и Париз, објави весникот „Зери“.
Цените во на аеродромот пораснале откако е даден под концесија на 20 години на турската компанија Лимак, пишува весникот кој додава дека ваквите цени се во спротивност со условите и стандардите на косовскиот аеродром.
Според првиот човек на Организацијата за заштита на потрошувачите Селатин Качанику, менаџерите на аеродромот не го почитуваат Законот за заштита на потрошувачите, додека истовремено потрошувачот е даночен обврзник и главен генератор на буџетот на Косово, од каде се финансира и целиот државен апарат.
„Надлежните се правдаат дека цените ги диктира пазарот. На секој меѓународен аеродром цените се повисоки од оние на пазарот, додека приштинскиот аеродром направи „сензација“ зголемувајќи ги цените за 300 отсто и повеќе. Додека во Приштина хамбурегорот се продава по цена од 1,5 евра, на аеродромот цената е шест евра“, пишува „Зери“.