15 Мај, 2024
0.0295

Арсовска на Самитот 16+1 во Будимпешта: Зголемена соработка меѓу МСП од Кина и ЦИЕ

Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

На 6. Самит на шефовите на Влади  на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) се одржува Економски и трговски форум на тема: „Поврзување на МСП на Кина и земјите од ЦИЕ“. На покана на Банката на Кина, Министерството за трговија и Министерството за Надворешни работи на Унгарија на највисоко ниво, бизнис делегација на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) предводена од претседателот Данела Арсовска, учествува на овој лидерски настан заедно со над 500 компании од Народна Република Кина и 16 земји од ЦИЕ.Арсовска оствари средба со заменик градоначалникот на Нингбо, НР Кина, Лиу Чангчун на која се дискутираше за учеството на македонските компании на најголемиот традиционален саем во Кина за широка потрошувачка, поддржан од иницијативата 16+1.

Традиционално како резултат на одличната соработка на Сојузот со НР Кина, компаниите имаат можност за зајакнување на комуникацијата, меѓусебно поврзување, градење на трговски релации како и промоција на инвестиции. Активно сме вклучуваат во иницијативите за зголемување на соработката и трговските партнерства со Кина и 16. земји  од ЦИЕ преку мега проектот за економска, политичка и културна соработка“, изјави Арсовска и додаде дека Сојузот, секоја година учествува на форумите на 16+1 за  зголемување на можностите на приватниот сектор од Република Македонија.

Во фокусот на Економскиот форум, се малите и средни претпријатија, примена на високи технологии во ИТ секторот, медицина и здравство, вештачка интелигенција,  заштита на животна средина, модерно земјоделско производство.

МСП се движечка сила за економски развој и се во фокусот на Владите ширум светот. Развој на конкурентноста на МСП компании и нивно глобално поврзување се на приоритетната агенда за поголема соработка на компаниите од ЦИЕ и НР Кина“, додаде Арсовска.

ССК активно работи на зголемување на бизнис соработката со НР Кина, со посебен акцент на промовирање на кинескиот мега проект „Еден појас, еден пат" за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток. Исто така,  претседателот на ССК, е потписник на единствениот договор на балканот за економска соработка со Кина со што за македонските компании се отвори пат за директен пристап на најголемиот азиски пазар.

Соработката на Народна Република Кина со земјите од Источна и Централна Европа започна во Будимпешта, а продолжи на состаноците во Варшава во април 2012 година, Букурешт Романија (2013); Белград, Србија (2014); Суџоу, Кина (2015) и Рига, Латвија (2016).

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“