15 Мај, 2024
0.0250

Архитектот Ѓорѓи Лазовски е новиот НовоЛото 7/34 милионер

Објавено во: Мои пари 03 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Денес, 03.11.2017 година просториите на Државна лотарија на Македонија ги посети нашиот најнов милонер, во придружба со сопругата.  Вистински пример за младо семејство интелектуалци кои имаат позитивен пристап кон животот, се борат и успеваат сами и  веруваат  во своите сили, своето семејство, но и во своите среќни броеви. Токму нив во ова 87мо коло од играта НовоЛото 7/34 среќата ги препозна. Лесно како 1,2 , 3.... како и нивните први три броеви од седумте напишани во четвртата комбинација.

Ѓорѓи е редовен играч, уплаќа секое коло по 10 комбинации, а како што вели неговата сопруга, алармот на мобилниот е вклучен секоја среда и сабота да ѕвони во 19:57, за да се гледа НовЛото 7/34.

Ѓорѓи со своето семејство живее во Скопје, но по потекло е од Неготино како и претходниот добитник Ристе Стефановски кој својата 7ка ја доби пред само два месеца. Иако уплатата е реализирана во Скопје во Поло маркет, сепак  Неготино два пати едно по друго, го впишуваме како град на НовоЛото милионери.

Денес на нашиот нов добитник му беше потврдена добивката, која ќе легне на негова сметка согласно законскиот рок утврден со правилата на оваа игра. До тогаш Ѓорѓи, веќе радосно ја споделува среќната вест. Токму вечерва,пред објава на овој текст,  тој ја потврди и својата согласност за објава на личните податоци и покрај правото за анонимност кое повеќето го користат.

‟Играм Лото со голема љубов”, - ни рече нашиот нов член во семејството на најсреќни добитници, ‟ за мене самото пишување на бројките е редовна активност на денот на извлекувањето и уплаќам каде ми е најблиску, а најчесто во Трговскиот центар Рамстор Мол, на среќното место на Државна лотарија на Македонија каде сите вработени се исклучително љубезни. Сепак во средата попатно решив да влезам во едно од поново отворените места во близина на Црквата Света Петка, кон Црниче. 

Првите колони ми се броеви со родендените, а другите колони меѓу кои и четвртатат ги пишував по случаен избор и без многу размислување. При следење на  извлекувањата секогаш го имам ливчето од електронската потврда за уплата пред мене и ги зокружувам бројките. 

Кога во средата почнав да заокружувам во четвртата колона, по одредено време, сфатив дека немам што веќе да заокружувам. Сите 7 броеви ми беа заокружени. Не ни се веруваше. Секогаш се надеваш, но вистински и не веруваш дека токму ти може да си добитникот. Ова е наша голема семејна среќа. Оваа година го добиме нашиот втор син и нашата прва седумка. Нема да престанам да игра, дури сега вистински верувам, а ќе веруваат и сите мои пријатели”.

Ова ни го соопшти при првата средба нашиот 18ти член во семејството добитници на 7ка, кому случајно пишаните броеви 1, 2, 3, 11, 12, 32, 34 му донесоа 6.000.000.00 денари

Кога ги прашавме сопружницитеЛазовски кои имаат два сина, еден од 6 години и еден од 6 месеци, дали веќе размислуваат за што би ги користеле средствата, среќно и кусо ни одговорија – ‟ЗА ДОБРО! Навистина, слоганот одговара на вашите игри на среќа. Нека има многу добитници како нас и сите да си ги користат средствата ЗА ДОБРО! ”

Фондот за 7ка и за следното коло изнесува 6.000.000.00 денари наменет за 19тиот добитник на 7ка, кој се надеваме ќе го добиеме наскоро.


Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти