19 Мај, 2024
0.0259

АРХИТЕКТИТЕ РАСПАЛИЈА: Не се проблем барокните фасади, туку целата композиција на згради во Скопје 2014!

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Не стивнуваат реакциите за најавената изградба на пристпната улица на Кејот 13-ти Ноември. Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија велат дека одлуката на градоначалникот на општина Центар  Андреј Жерновски за стопирање на изградбата на улицата на Кејот 13 –ти Ноември е единствен спас за овој простор од градот. Сепак според дел од архитектите ваквата одлука е задоцнета, доколку постоела можност истата законски да се спроведе порано. -Концептот на разбирање на градот и просторот како јавно добро и неопходноста од нивна заштита дали се работи за државен или приватен имот нема подршка кај власта и кај оние што носат одлуки. Мислам дека во овој момент одлуката на градоначалникот на Центар да се забранат градежни работи на Кејот на реката Вардар е добра и веројатно единствено можно решение. Јас не знам како вакви одлуки се спроведуваат со закон, но ако постоела законска можност тогаш ова е и задоцнета одлука, ова требаше да се направи уште одма со промената на власта во Општина Центар. Но, како и да е, се надеваме дека оваа одлука ќе мора да ја почитуваат. Затоа што случувањата во Центарот, особено плоштадот очигледно е дека се со години самоволие и се ризични без оглед  на добронамерните и стручни укажувања на дел од архитектите, вели Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, претседател на ААМ. kejot-na-vardar-najmalku-lichi-na-shetalishte-183811 Проблемот со градежната експанзија во центарот на Скопје, особено на плоштадот Македонија, архитектите ја лоцираат во непочитувањето на законските регулативи и отсуството на совети од страна стручни лица. Спорните и нестручнитите промени на деталниот урбанистички план Мал Ринг изменет во 2012-та година, допрва ќе излегуваат на виделина, укажуваат архитектите, но прашањето за сообраќајот во овој дел од градот е постојано криено под тепих. -Зошто служат законите за градење и урбанистичко планирање ако во секој момент со нестручно и некритично прегласување по воља на одредена група постојано се менуваат, не уважувајќи ги мислењата на професионалци? Прашањето за сообраќајот во центарот на градот е криено под тепих. Објектите се направени, пристапот до нив и снабдувањето ќе се решава отпосле. Ова е елемнтарно непочитување, незнаење и нестручност. Самото тоа ја покажува неукоста на упорното инсистирање и одење со глава во зид со овој проект. Улицата на Кејот 13-ти Ноември не е нова. Се што продолжуваат да прават на плоштадот е старо, предвидено со ДУП-от Мал Ринг од 2012 година, кој таа година претпе 4 измени. Во тој ДУП предвидена е подземна сообраќајнца која се спушта по улица “Орце Николов“ и треба да излезе некаде после хотелот Холидеј Ин. Уште една подземна сервисна улица е предвидена паралелно со десниот кеј на реката Вардар. Па едно време градоначалникот на Скопје ни раскажуваше дека ќе биде со 7 ленти, за после да стане едносмерна, мислам дека некои Шпанци правеа анализи. Улицата која сега се споменува дека ќе се прави на кејот и сега скоро да функционира како улица и паркинг, се пропуштаат возила од рампата кај Холидеј Ин. Зградата на Т-Мобиле има подземен паркинг, позади таа зграда предвидена е катна гаража. skopje 2014 Кој времен сообраќај, па до катната гаража со хелихоптер ли ќе носат возила!? Има голема концентрација на објекти и на другата страна на плоштадот кои сеуште се градат, катната гаража “Солунски конгрес“ ја пуштија во уптреба, но нешто сомнително функционира. Сите објекти во тој дел имаат пристап за сообраќај само од улицата Орце Николов.  Планови (од некој други времиња кога професионалци се бавеле со урбанизам), постојат за подземно поврзување на ГТЦ,  Стоковна куќа, Партизанска да помине под плоштад (ова е сега невозможно и поради објектот со спектакуларно име “Тифани“). Постои ли подземен катастар за плоштадот, планерите го имале ли во предвид кога го работеле ДУП-от? Се се ова прашања кој треба да им ги поставите на архитектите кои го работеле урбанизам. Точно се знае кој се фирмите и кои се архитектите и сообраќајните инженери што изработуваат, а сите се и со овластувања добиене од Комората, вели Раѓеновиќ Јовановиќ. Според архитектите, нестручните одлуки поврзано со проектот Скопје 2014 а кои се однесуваат на фубкционалноста, поставеноста и инфраструктурата на објектите треба да итно да се решаваат бидејќи последиците ќе бидат далекусежни.Архитектите коментираат дека барокните фасади се проблем но не толку,  голем како инфраструктурата. - Повеќе пати сум напоменала дека од целото лудило Скопје 2014, архитектонското обликување во “барок“ е најлесниот дел од работата и нешто што може да се препроектира, промени. Но, инфраструктурата на објектите, нивната урбанистичка поставеност, композиција, пропорција и функционалност, најодговорно тврдам се апсолутно нестручни и ќе имаат далекусежни последици по градот,а тие грешки се непоправливи. Promocija na novi fasadi Урбанизмот и архитектурата се сериозни професии, не во смисла на критикување на Скопје 2014, туку во смисла на недостаток на сериозни стручни урбанистички и архитектонски проекти. Мора многу сериозно да се навлезе во решавање на проблемот Скопје 2014, инаку овој град нема веќе да биде град. Ќе биде паланка со од ракав расфрлани објекти. Она што се гледа во градот покажува јасно дека професионалци не се прашуваат за мислење, ако имаат различно мислење тогаш се маргинализирани и прогласувани за политички противници. Затоа се доведовме до овде. Се што ни се случува е одамна ставено на хартија, реакциите се најбурни кога доаѓа моментот за реализација, а видовме дека тогаш е веќе доцна. Во секој случај архитектонската елита, ако воопшто ја има, премногу ќути за чувствителноста и потребите на овој момент, вели Раѓеновиќ Јовановиќ. Жерновски и Трајановски во клинч Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски најави дека ќе донесе одлука за забрана за градежни активности во опфатот помеѓу реката Вардар, улиците „Војвода Васил Аџиларски“, „Димитрија Чуповски“ и „Македонија“, Плоштад Македонија и Камени Мост, во кој реон спаѓа и Кејот 13-ти Ноември на Вардар.Одлуката пред два дена ја достави до Советот на општината за која ќе се гласа на седница. Ваквата одлука градоначалникот ја донесол    откако минатата недела Советот на Град Скопје одлучи на кејот да се гради транспортна улица. Според одлуката градоначалникот Жерновски вели дека комапнијата “Дивелоп груп“ односно  која треба да ја гради новата сервисна улица меѓу кафулињата до градскиот плоштад не ќе смее да започне со градежни работи пред Нова година.Ваквата одлука нема да остане само до почетокот на следната година, од општината најавија  дека по Нова година ќе следи нова која повторно ќе и забрани на „Дивелоп груп“ да ги започне градежните активности, а дополнително  во фаза на подготовка е нов детално урбанистички план во кој таа улица нема да постои. - Ваквата улица целосно би го уништила кејот, би го ограничила движењето на граѓаните, и со нејзино градење би изгубиле еден јавен простор. Со ваквата улица трајно би се сменил изгледот и фунционалноста на Градскиот трговски центар и би го изгубиле едно од најубавите шеталишта во Скопје, изјави Жерновски. koce vrati ni gi ulicite На изјавите на Жерновски реагираа од  Градот Скопје Град Скопје.Оттаму велат дека не е точно тврдењето дека станува збор за "транспортна улица" која се гради на кејот „13 Ноември“, туку за пристапна улица со посебен сообраќаен режим изградена од плочки а не од асфалт. -Господинот Жерновски не ја кажува вистината кога тврди дека "Град Скопје има намера да изгради улица", кога вистината е дека оваа пристапна улица што ќе се гради на кејот „13 Ноември“, на потегот од улицата Филип Втори Македонски до објектот на Телеком, е предвидена со Детален урбанистички план донесен од Општина Центар. Не е точно тврдењето на Жерновски дека станува збор за "транспортна улица" која се гради на кејот „13 Ноември“. Станува збор за пристапна улица со посебен сообраќаен режим за која Град Скопје има законска обврска да издаде согласност, а ќе ја гради приватен инвеститор. Повторуваме, станува збор за пристапна улица, која нема да биде сообраќајна и истата ќе биде уредена од плочки, а не од асвалт или слично на улицата Никола Вапцаров. За оваа пристапна улица ќе важи посебен режим за движење на моторните возила, поточно истата ќе биде достапна само за службените возила на Телеком, за достава на роба до околните угостителски објекти, како и за пристап на противпожарните возила и возилата на брза помош, кој и сега се движат по истиот простор, стои во реакцијата од Градот Скопје. Оваа пристапна улица првично требаше да биде подземна. Уште во 2008 година од Градот Скопје изјавија дека во градежната дозвола за објектот на “Телеком”, инвеститорот односно “Дивелоп Груп” беше задолжен за година и пол да ја изгради и пристапната улица. Но потоа следуваа серија измени на ДУП-от Мал Ринг, меѓу кои и таа дека не треба да биде подземна туку надземна пристапна улица, а за изградбата тогаш се обврзаа локалните власти.  Сега изградба на пристапната улица е повторно во рацете на “Дивелоп Груп” . Ј.С

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа