17 Мај, 2024
0.0288

Апасиев и Крмов: Внесоа болен под налог на Владата во Собрание

Објавено во: Македонија 31 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во Собранието на РМ, беа прекршени сите безбедносни протоколи за заштита на јавното здравје и, преку противправно внесување на суспектен или заразен пратеник, беше ставено под огромен ризик здравјето на сите пратеници!

За ова некој треба и мора да ОДГОВАРА!!!, напиша ноќта Димитар Апасиев од Левица на социјалните мрежи. 

Тој го сподели и статусот на неговиот сопартиец Борисалв Крмов кој вели дека владеачкото мнозинство внело пратеник во Собранието болен или сомнителен на Covid-19, само неколку минути пред полноќ, во непозната просторија само за да гласа. 

„Бевме известени буквално 2 минути пред гласањето за избор на Влада.

-Ако и болен со треска може да влезе во Собранието зошто тогаш на влез на сите ни мерат температура?
-Дали службите мене или било кого од опозицијата ќе не пуштеа внатре во Собрание, ако имавме температура или било какви симптоми исто како него?
-Ако не, тогаш како е тој пратеник над другите 119 пратеници?
-Дали ако во иднина 2, 5, или 10 пратеника од владејачкото мнозинство заболат од Covid-19 планираат да ни ги носат во Собранието по непознати простории да гласаат, само да се одржат на власт?

Владата му диригира на Собранието што сака и е спремна здравјето на сите пратеници и собранискиот персонал да го стави на ризик само за да продолжи да владее. Се соголивте уште првиот ден, вели Крмов.

Познато е дека Арбен Зибери гласаше од изолација.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер