Антиваксер сакал да добие сертификат и на вакцинација отишол со лажна силиконска рака
Објавено во: Свет, Корона Вирус 03 Декември, 2021
Антиваксер во Италија отишол на вакцинација со лажна силиконска рака.
Oва се случило во северниот регион Пиемонт, а човекот се соочува со кривична пријава затоа што се појавил на вакцинација со лажна рака направена од силикон.
Здравствениот работник откако го допрел силиконот веднаш се посомневал и побарал од 50 годишниот човек да ја соблече кошулата.
„Се чувствував навредена како професионалец“, изјави Филипа Буа за „Република“.
Откако му била откриена измамата, човекот го молел медицинскиот работник да не го пријавува.
Мажот, наводно, ги следел сите вообичаени бирократски процедури, бил интервјуиран за неговото здравје и потпишал формулар за согласност пред лекарот, пред да ја открие својата силиконска рака.
Бизарниот инцидент се случи на 2 декември во центарот за вакцинација во Биела каде што е дозволен директен пристап, без закажување, за оние кои ќе одлучат да ја добијат првата доза од вакцината против Ковид.
Мотивот на човекот бил да го добие сертификатот Green Pass.