19 Мај, 2024
0.0295

Анкетата на ИРИ во Северна Македонија покажа загриженост за темпото на пристапување во ЕУ

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Анкетата на ИРИ во Северна Македонија покажа загриженост за темпото на пристапување во ЕУ, загриженост за економијата и КОВИД-19, граѓаните обесхрабрени од локалните претставници. 

Најновото национално истражување во Северна Македонија од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува загриженост во врска со темпото на пристапување кон Европската унија и ги идентификува невработеноста и КОВИД-19/достапност на вакцини како два најголеми проблеми во земјата. Исто така, граѓаните на Северна Македонија се чувствуваат обесхрабрени од градоначалниците и локалните претставници пред изборите кои треба да се одржат оваа есен.

Анкетата открива дека пристапувањето во Европската унија има 79% поддршка од јавноста. Сепак, процентот на оние кои сметаат дека Северна Македонија денес е поблиску до влез во ЕУ отколку во 2005 година - кога првпат доби статус на земја-кандидат, во последните три години падна од 57% на 32%.

„Одложувањата и назадувањата на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, неодамна поради ветото на Бугарија, се чини дека влијаат врз убеденоста на граѓаните дека може да има напредок во пристапниот процес“, рече Пол Мекарти, директор на ИРИ за Европа. „За среќа, ова не го намали нивниот ентузијазам за потенцијално долгорочната цел за пристапување во ЕУ“.

Прашани за најважниот проблем, најголемиот дел од граѓаните (23%) ја наведоа невработеноста, како и пандемијата и загриженоста за достапноста на вакцини против КОВИД-19 (22%).

Анкетата исто покажа дека граѓаните на Северна Македонија имаат ниска доверба во нивните локални претставници пред изборите што се очекува да се одржат во октомври. На прашањето дали би го поддржале градоначалникот на нивната општина за повторно да биде избран, половина од испитаниците (53%) рекле дека би требало да се избере друг кандидат.

„Повеќе од една година подоцна, пандемијата сѐ уште е примарна грижа за граѓаните на Северна Македонија, кои исто така се грижат за достапноста на вакцините и за економските последици од ограничувањето на движењето и затворените бизниси. На локално ниво, граѓаните можеби ќе бараат промени на претстојните избори, што ги зголемува шансите на опозициските кандидати“. - рече Мекарти.

Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места