14 Мај, 2024
0.0257

Анкара врти поглед кон поранешните земји на Отоманската империја

Објавено во: Балкан 18 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Со европскиот сон на Турција изгледа е готово. Само за една деценија претседателот Реџеп Таип Ердоган се промени од човек кој чиниш можеше да влезе во историјата како лидерот, кој ја внел во ЕУ државата со мнозинско муслиманско население во човекот, при чие управување Турција го сврте грбот на Западот, пишува во денешниот материјал на Times Хана Лусинда Смит.

Враќањето на смртната казна, што ја предложи Ердоган (и што многу од неговите приврзаници го сакаат за лидерите на крвавиот обид за државен удар од минатото лето), сигурно ќе го забрза крајот на надежите на Турција за пристапување. Според правилата на Европа не се прифаќаат нови членови, чие законодавство предвидува смртна казна.

Европа сепак е последна грижа за многу Турци. Остава впечаток дека кога поранешниот премиер Ахмет Давутоглу уреди минатата година договор со кој беше предвидено да се обезбеди на турските граѓани безвизен пристап до Шенгенскиот простор како една од наградите за запирање на миграцискиот поток кон Грција, народот не му сврте особено внимание. Малкумина веруваа дека таа ќе биде извршена и излегоа во право.

Крајниот рок беше одложуван постојано поради одбивањето на Турција да ги промени законите за борба против тероризмот. По обидот за преврат Турција  ги зацврсти овие закони, а не ги омекна, како сакаше ЕУ. Кавгата на Ердоган со неколку западноевропски влади влијаеше на расположението на многу од неговите најверни поддржувачи. За многу од нив, како и за лидерот, Европа е лицемерна, стегната и неморална. „Ние се грижиме за 3 милиони Сиријци, а Европа само ги велича парите“, рече возрасен маж на денот на референдумот.

Во меѓувреме половина од Турција, која гледа кон Европа, е свесна дека со нејзините соништа за пристапување е свршено и дека тоа е така откако Ердоган го презеде патот на авторитаризмот.

Неговото непријателство кон Западот датира од пред четири години, од протестите во паркот Гези против неговото владеење, при што тој ги обвини странските сили дека поттикнуваат кон поделба.

Сега Ердоган најверојатно ќе ја забрза и прошири надворешната политика, нацртана од Давутоглу, кога тој беше министер за надворешни работи.

Идејата , која тој ја нарече "стратешка длабочина", е дека Турција треба да погледне прво кон природната периферија, земјите од поранешната Отоманска империја, со кои има културни и често пати религиозни врски.

Одете денес во Македонија или северен Ирак - две страни, управувани некогаш од Истанбул - и ќе видите трговски центри, полни со турски брендови и семејства заинтересирани за најновите турски сапунски опери. Културата и бизнисот го отвораат патот на политиката со години.

Трговијата и туризмот се премногу важни за Турција, за да ја остави зад себе целосно Европа. Ако Ердоган не обрне внимание на овој факт, тоа ќе го погоди неговиот народ по џебот, а една економска криза е она што со најголема веројатност може да го тргне еден турски лидер, кој држи се во власта.

Европските лидери реагираа внимателно по референдумот за уставни промени во земјата. Германскиот канцелар Ангела Меркел коментира дека резултатот ја покажал длабоката поделеност во турското општество и повика на дијалог меѓу политичките сили. САД повикаа на почитување на човековите права.

Францускиот претседател Франсоа Оланд коментира дека Турците сами проценуваат како да ја организираат работата на своите политички институции, но резултатите покажуваат дека планираната уставна промена која води кон поголема моќ за претседателската институција, не се прифаќа уникатно.

Ставот на Виена пак е дека ЕУ треба да ги прекине преговорите за членство со Турција.

Можеби ќе ве интересира

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи

„ПОСТОЈАТ ПРАШАЊА ШТО СЕ НАД ВОЛЈАТА НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:“ Герапетритис за Преспанскиот договор

„ПОСТОЈАТ ПРАШАЊА ШТО СЕ НАД ВОЛЈАТА НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:“ Герапетритис за Преспанскиот договор

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра