02 Декември, 2022
0.0312

АНИМА МУНДИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА НИВНАТА ОСНОВАЧКА, ВЕГАНКАТА ПЕШЕВСКА СТАНАЛА ДИРЕКТОРКА - ова е прв пат да се назначи активист за директор на јавно претпријатие

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Анима Мунди се пофали дека нивната основачка Радмила Пешевска станала директорка на ЈП Лајка. 

„Активисти, љубители на животни, хумани и чесни граѓани!

Ве информираме дека Радмила Пешева, веганка, активистка за правата на животните, основач и потпретседателка на Анима Мунди, денес од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е назначена за в.д. директорка на ЈП Лајка.

Радмила Пешева е носечки активист за правата на животните од нашето основање во 2009 година, борец кој не се откажува, сопственик/вдомувач на повеќе животни, сите стерилизирани, спасени од улица. Знае дека животните се свесни, интелигентни, чувствителни живи битија, а не комунален смет кој грубо треба да се отстрани; третманот на бездомните животни беше и остана нашата примарна борба.

Ова е прв пат да се назначи активист за директор на јавно претпријатие кое е директно одговорно за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на нивната популацијата, за што ѝ благодариме на довербата на градоначалничката Данела Арсовска.

Пред сè, ова е огромна одговорност и предизвик, особено во услови на повеќе од ограничени финансиски ресурси и криза“, се вели во соопштението на фејсбук страницата на Анима Мунди.

Денеска беа објавени имињата на новите директори.


Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2022 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Силјановска Давкова: Не е предвремено полагање правосуден испит со стекнати 180 кредити, две години пред да завршите факултет

Силјановска Давкова: Не е предвремено полагање правосуден испит со стекнати 180 кредити, две години пред да завршите факултет

Перо Камиказа ќе влезе во трката за шеф на државата

Перо Камиказа ќе влезе во трката за шеф на државата

Славчо Попоски најави врнежи и објави какво време ќе имаме месецов

Славчо Попоски најави врнежи и објави какво време ќе имаме месецов

Ленин: Ако не се прифати предлогот во понеделник блокада на главните крстосници

Ленин: Ако не се прифати предлогот во понеделник блокада на главните крстосници

ПО ЧЕТИРИ КИЛОГРАМИ ЈАБОЛКА ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК: Почна реализацијата на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“

ПО ЧЕТИРИ КИЛОГРАМИ ЈАБОЛКА ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК: Почна реализацијата на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“

Спасовски: Има пријава дека полициски службеници во Арачиново се однесувале недолично

Спасовски: Има пријава дека полициски службеници во Арачиново се однесувале недолично

ЕДНОГОДИШНИОТ ЗОРАН Е ХРАБАР БОРЕЦ - екс министерот Филипче објави фотографија од успешно оперирано бебенце

ЕДНОГОДИШНИОТ ЗОРАН Е ХРАБАР БОРЕЦ - екс министерот Филипче објави фотографија од успешно оперирано бебенце

За прв пат лажна дојава за бомба во училиште надвор од Скопје

За прв пат лажна дојава за бомба во училиште надвор од Скопје

Вооружена група избркала полицајци од Арачиново

Вооружена група избркала полицајци од Арачиново