Ангеловска ја презентираше мерката која може да спаси многу работни места
Објавено во: Финансии, Корона Вирус 12 Април, 2020
Meрката од 14.500 денари за април и мај за плати, може да се спаси многу работни места, вели министерката за финансии, Нина Ангеловска.
Таа објасни дека газдите добиваат по 14.500 денари, износ кој се дава за покривање на плата, придонеси или за дел од плата.
„Секоја компанија може да ги искористи тие 14.500 денари по вработен согласно можностите“, рече министерката.
Вели дека мора да има комуникација, со цел сите да ја разберат мерката.
Министерката додаде дека работникот добива поголема сигурност, дека работодавачот ќе го задржи и по кризата.
Вели дека оваа мерка може да ја користат фирми кои имаат пад за 30 отсто, а воедно нема да делат дивиденди и бонуси.