Ангеловска – Бежоска: Растот на цената на нафтата е очекуван
Објавено во: Економија 06 Јуни, 2018
Според новата гувернерка на НБРМ скокот на цената на нафтата за Централната банка е очекуван.
Анита Ангеловска-Бежоска ова го кажала денеска на одговорајќи на новинарски прашања во Охрид каде се одржува 11. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура „Време е за дигитализација“.
„За нас како Централна банка растот на цената на нафтата е очекуван. Во фазата на макроекономските проекции ние ги следиме сите тековни движења, очекувањата на аналитичарите, така што цената не е за изненадување, уште повеќе што по неколку години пад на цената на нафтата минатата година покажа нагорен тренд“, рекла гувернерката.
Според она што го истакнала Ангеловска-Бежоска нафтата е само една од компонентите што влегуваат во инфлацискиот индекс, која нема директен значаен ефект и самите промени на нејзината цена не би требало да предизвикаат позначајни инфлаторни притисоци.