15 Мај, 2024
0.0426

Aндреј Ковачев: ВМРО-ДПМНЕ шири историски манипулации кон Бугарија

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажува дека не ја познава историјата и сака да всади омраза, ширејќи историски манипулации кон Бугарија, изјави тој денеска за БГНЕС

Изјавата на Ковачев се однесува на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, во која тој наведува дека македонскиот народ ги издржал и „грчките андарти и колонизаторите, и германските и бугарските фашисти и нивните домашни соработници“.

„Портпаролот на партијата со четирите букви ВМРО зборува за „бугарски фашисти“? Недостиг од елементарно познавање на историјата за тоа каде биле ВМРО за време на бугарската администрација на Македонија или одново злонамерен од таа партија кон Бугарија? До кога ќе всадуваат омраза? До кога ќе ги повторуваат лагите на титовите и на бугарските комунисти?“,  наведува Ковачев.

Тој вели дека дури и СДСМ во последно време не зборувале за „бугарски фашисти“, а „сестринската партија“ очигледно не може да се одвикне од тоа, додавајќи дека „веќе втората генерација во раководството на партијата расте со историски манипулации кон Бугарија“.

Ковачев деновиве изјави дека на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Александар Николовски му се пренесени пораки дека сестринските партии се разочарани од однесувањето на партијата и побарале таа да каже која е алтернативата што може да ја понуди. Тогаш Ковачев кажа дека не го поддржуваат тоа што ВМРО-ДПМНЕ го прави, односно ја блокира иднината на Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“