17 Мај, 2024
0.0322

Анализа на професор Марјан Ѓуровски - што по бугарските избори и македонските парламентарни случувања

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Македонската политичка криза ќе биде пречка за решавање на спорот со Бугарија и ЕУ интеграциите

Бугарија на изборите избра нов пат и продолжување на промените.  Новиот мандатар и потенцијален премиер Кирил Петков и неговиот соиграч Асен Василев се надеж и шанса за да се дојде до компромис за решавање на македонскиот спор, но и овој пат треба да бидеме воздражани дека решението  ќе биде брзо.

По добивањето на новата бугарска коалициона влада (н.з. ПП+ДБ+БСП+ИТН) може да очекуваме меѓу двете држави да се формираат заеднички работни групи од бизнисот, културата и образованието, не само од историчари за да се разговара за сите прашања на средби најмалку еднаш во месецот. Решението треба да се бара преку обезбедување на формула која ќе овозможи заштита на бугарскиот и македонскиот интерес и добрососедски односи.        

Лидерство од двете страни за да се одигра заедничкиот танц               

Потребен е голем компромис и манифестирање  на лидерство од двете страни за да се одигра заедничкиот танц под тактот на „Ода на радоста“. Претстои воспоставување на нов динамичен процес меѓу двете држави и извесно е дека висок приоритет на новото МНР во Бугарија ќе биде македонското прашање кој ќе доведе до добрососедство и конструктивност меѓу двата соседа.                                

Не треба да очекуваме брзо целосно решение на билатералниот проблем зошто евентуална препрека може да биде Румен Радев ако го добие вториот претседателски мандат, за што треба да почекаме уште една недела за да се соочи во дуелот со проф. Анастас Герџиков. Досегашниот шеф на бугарската држава Радев е генерал кој на политиката гледа како на воена тактика. Препрека за решавање на билатералниот спор меѓу двете држави може да биде и партијата „Има таков народ“ на Слави Трифунов како дел од новата Влада, доколку останат компактни како пратеничка група. 

Кадровски ремонт на македонската извршна власт

Бугарија ќе добие легитимна нова Влада, нешто што е потребно што побрзо и кај нас дома. Нам ни треба нова македонска Влада со јасен легитимитет во Парламентот, зошто најмалку сега ни е потребна политичка криза во услови на кризна состојба поради пандемијата, недостатокот на електрична енергија, мигрантскиот бран итн. Времето за домашни политички и партиски калкулации изминува и ничија судбина дома не може да биде приоритет пред излегување со јасни политички цели и мандат за справување со кризната состојба, борбата против корупцијата, решавање на билатералниот спор со Бугарија и продолжување на ЕУ интеграциите. 

Новото парламентарно мнозинство во македонскиот Парламент ќе одлучи дали и кој ќе биде мандатар кој треба да понуди целосно нов владин состав, бидејќи за голем дел од сегашните министри не треба да има место во неа. 

Македонската политичка криза ако продолжи, може сега  да биде пречка за решавање на спорот со Бугарија.

Нема да бидеме имуни на појавата на нови политички сили

Изборите во Бугарија уште еднаш потврдија дека традиционалните партии повеќе немаат од порано по автоматизам загарантирани гласови. Се појавуваат нови политички сили кои ја покажуваат потребата од свежи идеи и визии за иднината. Македонската држава не е имуна на овие трендови. Локалните избори открија дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го раситнуваат своето гласачко тело за сметка на една граѓанска појава која тежи околу 200 илјади гласачи кои на различен начин демонстрираат потреба од свежи политички наративи и поинаква кадровска понуда. 

Македонските партии може да си дадат автогол

Македонскиот блок партии имаат обврска со своите поведенија да не им олеснат на бугарските политичари да ја продолжат „статус кво“ состојбата по прашањето на нашите ЕУ интеграции. Не ни е потребен автогол за стратешките аспирации. Треба висока политичка свест за надминување на тесно партиските интереси и стабилизирање на состојбите на среден рок. Доколку СДСМ и ДУИ навистина имаат потенцијал за стабилизирање на владиното мнозинство, тогаш тоа треба да го сторат час поскоро, но проследено со кадровски ремонт на извршната власт. Доколку постои и минимална шанса во декември да добиеме датум за првата меѓувладина конференција со ЕУ, тоа треба да се изведе со достоинствен компромис кој ќе го обезбеди Влада која ќе зрачи со поинаква енергија и ќе влева доверба кај граѓаните дека знае да обезбеди сигурна иднина.

Голем дел од досегашните учесници во македонската извршна власт се дискредитирани по разни основи и токму заради нарушениот личен углед не се во состојба да испорачаат резултати. Едноставно, нивниот понатамошен ангажман би бил со хендикеп. Евентуалното понатамошно инаетење на ВМРО-ДПМНЕ по клучните меѓународни договори за евроатлантските интеграции, неприфаќањето на реалноста која може да биде главно орудие и алиби за нови блокади, нема да ги амнестира од нивниот дел од политичката одговорност, иако се опозиција. Прифаќањето на Преспанскиот договор од ВМРО-ДПМНЕ е добра вест за македонската држава. Но сега равенката е едноставна. Ако не се опаметат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ природно ќе се појават нови иницијативи кои неминовно ќе станат нивна сериозна конкуренција нановите парламентарни избори, кога тие и да се случат.

(Авторот е универзитетски професор)

Можеби ќе ве интересира

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи