02 Мај, 2024
0.0248

Aмериканската компанија „Saks“ се продава или пропаѓа?!

Објавено во: Стил 20 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Во второто тромесечје од оваа година американската компанија за луксузна роба „Saks inc“ (Saks Incorporated) забележила нето загуба од 19,6 милиони долари.

Загубата по акција изнесува 13 центи, а кога ќе се исклучат вонредните ставки тогаш загубата изнесува 10 центи по акција, додека аналитичарите очекуваа минус од осум центи.

Како што пренесува францускиот весник „Capital“, приходите од работењето на овој американски ланец на стоковни куќи во истиот период изнесувале 707,838 милиони долари, што е зголемување од 0,5 проценти, а продажбата пораснала за 1,5 проценти, наместо 4,5 проценти колку што предвидуваа експертите.

Компанијата „Saks“ на 29 јули добила понуда за купување од канадскиот дистрибутерски гигант „Hadson’s Bay“, по цена од 2,9 милијарди долари, или 16 долари по акција. Трансакцијата би требало да биде извршена на почетокот на септември.