Американец плаќа данок за автомобили со парички по 1 цент
Објавено во: Економија, Свет 16 Јануари, 2017
Жителот на американскиот град Лебанон, Ник Стафорд донесе пари за данок со пет рачни колички.
Количките беа полни со ситни монети, пишува весникот Bristol Herald Courier.
На овој начин Стафорд решил да им одржи лекција на локалните службеници.
Американецот долго време се обидувал да се разбере со каков данок ќе бидат оданочени двата нови семејни автомобили, но претставници на службата не му дале точни податоци, што според Стафорд противречи на федералниот Закон за слобода на информациите.
Откако изгубил неколку месеци во спорови со службениците, Американецот се обратил кон судот.
„Тие се подготвуваат и понатаму да ми предизвикуваат грижи, затоа јас ќе се погрижам и на нив да не им одговара"-изјави тој на новинарите.
Откако дознал дека данокот за новите автомобили ќе биде 3.000 долари, Американецот порачал од локалната банка 300.000 монети од еден цент.