17 Мај, 2024
0.0307

АМБИЦИОЗНАТА ШАХПАСКА ВЛЕЗЕ ВО КАБИНЕТОТ - преку Собранието до извршната власт

Објавено во: Македонија 31 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Лекарка по вокација, амбициозната и остра досегашна пратеничка од редовите на СДСМ од Берово, Јагода Шахпаска, влезе во министерскиот кабинет за труд и социјала. Ја презеде функцијата од својот претходник, Ѓонул Бајрактар, но тој таму беше само откако Мила Царовска отиде во техничката влада да биде вицепремиерка за економски прашања. 

Пред неа се бројни предизвици, а пред се како да им се помогне на работниците во време на економска криза предузвикана од ковид пандемијата, но и на бројните случаи што остануваат без работа, како и на социјално загрозените семејства.

Во Министерството за труд и социјална политика денеска се изврши примопредавање на функцијата министер за труд и социјална политика.

Новоименуваната министерка Јагода Шахпаска ја презеде функцијата од заменик министерот Ѓонул Бајрактар, кој ја вршеше оваа должност, поради испразнетото министерско место, соопштија од министерството.

Со тоа министерката за труд и социјална политика Шахпаска и официјално го започнува управувањето со овој сектор.

Како членка на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието на Република Северна Македонија во претходниот пратенички мандат и како поранешна пратеничка која активно била вклучена во социјалната реформа, но и во повеќето процеси во надлежност на овој ресор, министерката Шахпаска истакна дека е свесна за предизвиците што го очекуваат ова Министерство, кое е темелот за создавања функционална и одржлива социјална држава.

„Чест и задоволство, но и огромен предизвик ми претставува да го предводам секторот за кој гласно се борев и се залагав и од собраниската говорница, но и во Комисијата за труд и социјална политика. Реализацијата на социјалните политики кои се насочени кон вистинска грижа за сите граѓани, а особено кон најранливата категорија на граѓани е од огромно општествено значење за нашата држава. Инвестирањето во луѓето, во подобриот стандард, во повисоки плати и пензии, во социјална заштита која овозможува излез од кругот на сиромаштијата се приоритетите за мене и за Министерството во наредниот период“, истакна Шахпаска.

Таа нагласи дека во мандатот кој ѝ е доверен ќе се залага за реализација на политики засновани врз принципите на градење на праведна и социјална држава, која покажува вистинска грижа за своите граѓани. За подобар животен стандард, вреднување на трудот на работникот, заштита на неговите права, борба против сиромаштијата и невработеноста и уште многу други предизвици кои се во надлежност на ова министерство.

Веднаш по примопредавањето на функцијата, министерката Шахпаска имаше состанок со раководниот тим на Министерството за труд и социјална политика, составен од државните советници и раководители на сектори.

На состанокот таа се информираше за тековните проекти на кои работи Министерството,за предвидената динамика за нивна реализација и за евентуалните пречки со кои се соочуваат.

Министерката Шахпаска потенцира дека од вработените во Министерството за труд и социјална политика очекува тимска работа и целосна посветеност во реализацијата на сите проекти предвидени во Програмата на Владата за наредниот четиригодишен мандат.

„Наша задача и обврска е да им служиме на граѓаните и да работиме за нивно добро“, рече министерката Шахпаска.

Таа нагласи дека во претходниот мандат Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика покажаа дека може да се промени начинот на кој државата се грижи за своите граѓани и дека тој концепт во наредниот период ќе продолжи со уште позасилена динамика.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8