19 Мај, 2024
0.0262

Амбасадорката Сутер: Швајцарија е посветена на унапредување на дипломатските и развојните активности во Македонија

Објавено во: Мои пари 31 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Денес Швајцарија ја претстави новата Стратегија за соработка со Македонија за периодот од 2017 до 2020 година. Швајцарија ја подржува политичката, социјалната и економската транзиција на Македонија од 1992 година. Новата стратегија има за цел да продолжи со оваа поддршка во следните четири години преку практичен пристап фокусиран на резултати.

„Драго ми е што Швајцарија ја поддржува Македонија во последните 25 години. Постигнавме многу и подготвенисме да ја продолжиме поддршката кон Македонија, овозможувајќи развој на одговорни институции, создавање на инклузивни работни места, подобрување на квалитетот на јавната инфраструктура и заштита на животната средина“, изјави Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер. Таа додаде „Денес Швајцарија е меѓу најголемите билатерални партнери за соработка на Македонија и посветена e на понатамошно унапредување на односите со Македонија преку продлабочување на  дипломатските и развојните активности во државата.“

Новата Швајцарска стратегија за соработка 2017 – 2020 предвидува финансиски средства од 69 милиони  евра. Главната цел е да ја поддржи Македонија во процесот на реформите и во исполнувањето на европските стандарди, како и да изгради социјално инклузивна демократија и пазарна економија, истовремено обезбедувајќи ефикасно управување со природните ресурси.


Трите приоритетни области во Швајцарското портфолио се демократско владеење на централно и локално ниво, одржлив економски раст и вработување за младите и други социјално исклучени групи, како и ефикасно управување со природните ресурси и еднаков пристап до квалитетни јавни услуги.

Дел од очекуваните резултати од новата стратегија се поголема транспарентност и отчетност на локалната власт, креирање на 4.400 нови работни места, како и пристап до менаџирањето на водните ресурси за дополнителни 115.000 жители. „Особено внимание ќе им посветиме на  потребите на најранливите  групи на граѓани во Македонија, затоа што нема вистински просперитетно општество коешто не е инклузивно“, истакна амбасадорката Сутер.

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст