09 Март, 2021
0.0214

Амбасада на Русија: Македонија до сега нема побарано од нашите вакцини

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2021

Руската амбасада во Скопје известува дека во неколку наврати ја информирала македонската влада за можностите за испорaка на руската вакцина, но македонска страна не покажала интерес за Спутник V.

- Амбасадата на Руската Федерација во повеќе наврати ја известуваше Владата на Република Северна Македонија за можности за соработка во испорака на руската вакцина. На 18 август, пред пет месеци, го информиравме министерот за здравство Венко Филипче, дека доколку е заинтересирана Владата на Северна Македонија, Рускиот фонд за директни инвестиции, кој ги има ексклузивните права за производство и продажба на «Спутник V» во странски земји, може да започне разговори за сите прашања од интерес во однос на вакцината и нејзината набавка, велат од таму за Канал 77.

Исто така и на 25 септември било испратено писмо и до шефот на Националниот комитет за имунизација, професор Александра Грозданова, за подготвеност да се одржи состанок во формат на видео конференција за да се разгледат сите прашања околу вакцината, но Руската амбасада. информира дека до сега немаат добиено одговор на овој предлог.

Од таму соопштуваат дека македонските граѓани можат да добијат пристап до руската вакцина, ако Владата се одлучи за набавка на руската вакцина, а Рускиот фонд за директни инвестиции е подготвен да започне преговори, вклучително и за испорака на вакцината, која „секако ќе биде достапна по најконкуретната цена“. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Најавен е полициски час, денеска има нови 316 заразени со коронавирусот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Најавен е полициски час, денеска има нови 316 заразени со коронавирусот

Меџити се повлекува, повеќе не е координатор на пратеничката група на ДУИ

Меџити се повлекува, повеќе не е координатор на пратеничката група на ДУИ

Повеќе од 95.000 граѓани досега се избориле со коронавирусот

Повеќе од 95.000 граѓани досега се избориле со коронавирусот

Во телефонот на велешанец осомничен за „Јавна соба“ е најдена детска порнографија

Во телефонот на велешанец осомничен за „Јавна соба“ е најдена детска порнографија

Во Македонија регистрирани нови 316 заразени со коронавирусот

Во Македонија регистрирани нови 316 заразени со коронавирусот

Македонците и понатаму нема да можат да патуваат во Грција

Македонците и понатаму нема да можат да патуваат во Грција

Власта смисли функција за главниот на ДУИ во Битола

Власта смисли функција за главниот на ДУИ во Битола

ДВЕ НЕДЕЛИ ПОЛИЦИСКИ ЧАС: Филипче образложи зошто ќе има забрана за движење од 22 до 05 часот

ДВЕ НЕДЕЛИ ПОЛИЦИСКИ ЧАС: Филипче образложи зошто ќе има забрана за движење од 22 до 05 часот

Мијалков со Коневски и семејството на судење за „Тортура“

Мијалков со Коневски и семејството на судење за „Тортура“