Аманатидис го зема в предвид мислењето на црквата, ќе прифатат ли „Македонија“ во името?
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2018
Грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис коментирајќи ја изјавата на медијаторот Метју Нимиц рече дека повеќе од 140 земји веќе ја нарекуваат земјата Република Македонија.
Тој за грчките медиуми наведе дека целта на Атина е сложено име за севкупна употреба кое ќе се корист во Македонија и надвор од неа и, како што рече, елиминирање на иредентизмот од страна на Скопје.
Аманатидис во изјавата не спомена географска одредница и додаде дека постојат други параметри кои ќе го одредат текот на преговорите и ќе ја разјаснат грчката дипломатија.
За ставовите на архиепископот Јероним, Аманатидис истакна дека Владата секогаш го зема предвид мислењето на црквата, но сепак Владата е одговорна за преговорите.
Архиепископот на Атина и цела Грција, Јероним, уште еднаш напомена дека позицијата на Грчката православна црква е јасна и дека таа е против терминот „Македонија“ да се содржи во името.