02 Мај, 2024
0.0246

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

Објавено во: Економија 19 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Нашата најголема фармацевтска компанија „Алкалоид“ има навистина убава вест за споделување, а неа ја објави до инвеститорската јавност преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

Имено, „Алкалоид“ неодамна регистрираше ново друштво во Хрватска, кое ќе биде 100 отсто во негова сопственост, а е осми по ред отворен субјект на „Алкалоид“ отворен во земја членка на Европската унија. 

Еве што објави компанијата до Берзата како ценовно чувствителна информација. 

„АЛКАЛОИД АД Скопје регистрираше ново друштво во Хрватска, со назив АЛКАЛОИД ФАРМА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДОО Загреб. Друштвото е во 100 отсто сопственост на АЛКАЛОИД АД Скопје. Имајќи предвид дека 69 отсто од пласманот на производите на компанијата се наменети за извоз, од исклучително значење е присуството на производствената програма на пазарите во ЕУ, како и проширувањето на нови пазари. Во таа насока, новоотворениот правен субјект е осми по ред кој е основан во рамките на земјите членки на Европската Унија. Со ваквиот потег АЛКАЛОИД продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба, за развој во деловните контури на извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција“, се вели во објавата на нашата најголема фармацевтска компанија до Берзата.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?