18 Мај, 2024
0.0611

„Алкалоид“ го надгради SAP системот со светски водечко решение за управување со човечките ресурси

Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

„Алкалоид“ го надгради својот корпоративен систем со едно од најкомплексните и водечки решенија за управување со човечки ресурси во светски рамки, со цел подигнување на нивото на безбедност и здравје при работа и унапредување на професионалниот развој на вработените, синхронизирајќи ги целокупните веќепостоечки бази на податоци.

Конкретно, постоечкиот SAP ERP систем - Enterprise Resource Planning (брендиран од страна на „Алкалоид“ под името AlkaSAP), кој претставува систем за целосно управување со базите на податоци на компанијата, е надграден во деловите: организациски менаџмент, персонална администрација, персонален и развој на вработените, менаџирање на професионални обуки и настани, безбедност и здравје при работа и менаџирање на патувања.

Иако станува збор за еден од посложените проекти од овој тип, тимот на „Алкалоид“ успеа да го реализира за мошне краток период од 6 месеци, имплементирајќи ги во целост сите 5 фази од истиот.

Согласно стратегијата за инвестирање во напредна технологија, која „Алкалоид“ ја негува речиси осум децении, овој чекор претставува огромен напредок во процесот на создавање додадена вредност од страна на компанијата, за задржување на водечката позиција на македонскиот пазар и уште поуспешен глобален настап.

Во таа насока, според долгорочниот стратешки план, „Алкалоид“ во следниот период ќе го имплементира AlkaSAP решението во уште неколку свои претставништва во странство.

 

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата