Али Ахмети повикан на распит во Обвинителството
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2020
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, е повикан на распит за случајот „Попис“ денеска во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.
Лидерот на партијата која е коалиционен партнер во Владата и дле од владеачкото мнозинство треба да даде исказ во врска со пропаднатата статистичка операција во 2011.
Предметот во отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, а сега е во рацете на ОЈО, кој треба да одлучи дали ќе отвори обвинителен акт.
Пропаднатиот попис беше организиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според СЈО, лидерите на двете партии, Ахмети и Никола Груевски, лично одлучиле да го стопираат неаргументирано и го оштетиле државниот буџетв за 2,8 милиони евра.