Алфа ТВ: Град Скопје преку новото претпријатие ќе ја превземе дистрибуцијата од БЕГ
Објавено во: Економија 31 Мај, 2018
Дистрибуцијата со топлинска енергија најверојатно ја презема Градот Скопје, а БЕГ повеќе нема да се занимава со овој бизнис, откако вчера беше основано ново Акционерско Друштво кое во иднина ќе го води овој бизнис, тврди Алфа ТВ.
Градот Скопје со тоа веќе ги направи првите чекори за да ја преземе дистрибуцијата. На вчерашната седница го основа новото акционерско друштво кое во иднина ќе се занимава со енергетски дејности.
Ова се подготвителни активности и претпријатието најверојатно ќе го преземе бизнисот со парно греење веќе од следната грејна сезона, односно од 15 октомври догодина. Тоа значи дека граѓаните наместо на БЕГ, сметките за парно ќе му ги плаќаат на новото претпријатие, односно на Град Скопје, пишува телевизијата.
Одлуката за формирање на Акционерското друштво беше едногласно донесена од Советот на Град Скопје.