28 Април, 2024
0.2290

АЛЕКСАНДРА ЗА ФАКТОР од жариштето на коронавирусот во Ломбардија: Излегувам од дома само по потреба

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Маркетите се полни, има залихи но внатре има право да влезе само еден човек, јавните места за собири се забранети до 3 април а на улиците и оние малкумина што ќе ги сретнете од стравот од коронавирус се заштитени со маски и ракавици.

На некои места како што е градот Бреша и околните села повремено може да се видат и полициски патроли кои дококлу ве сретнат ќе ве прашаат каде ќе одите и дали е итно.

Ваква е моменталната ситуација во италијанскиот регион Ломбардија каде во овој момент е најризично да живеете, не смеете да патувате или излегувате.

Токму од Бреша (Ломбардија) каде живее неколку години за Фактор Александра Ѓоргиева со директно сведоштво.


„Се соочуваме со досега невидена ситуација. Излегувам од дома само ако имам потреба, ако треба да одам до маркет, да платам сметки или да појдам до аптека, но и за да влезам таму ќе треба да чекам ред бидејќи право има да влегува само еден човек, без разлика дали има една, три или пет наплатни каси, а на некои места во продавници луѓето мора да стојат едни од други на растојание од еден метар.

Училиштата овде како и во целата земја се затворени, кина, музеи, базени, спортски обложувалници и сите јавни настапи и собири се забранети до 3 април. Барови и ресторани работат со скратено работно време односно до 18 часот попладне“ , раскажува нашата соговорничка.


Александра додава дека паника секако има, но таа е поизразена кај Италијанските граѓани.

„Јавниот превоз функционира, но сите го избегнуваат. Возат и автобусите и возовите, но поради препораките не се користат. Се оди само на работа но и тоа некаде е зависно од фирмата, и некаде по итна потреба, а оние кои ќе се обидат да ја напуштат Ломбардија ќе се соочат со казни.




Во сабота и недела каде што има трговски центри отворени се само маркетите за храна“, вели Александра.



Таа додава дека епидемијата на ширење на коронавирусот ги обврзува сите на мерки за ограничување на слободата. Тоа секако се екстремни мерки, но мора да се покаже одговорност од сите, дури иако понекогаш е тешко да се сфатат такви драконски мерки кои никогаш не биле спроведени во таа земја.

Состојбата во Италија се менува од час во час.

Од синоќа во Ломбардија е избришана црвената зона а цела Италија или 60,5 милиони жители се во карантин. Оваа мерка дојде како последица на вртоглаво зголемениот број на заболени од коронавирус со што Италија стана земја со најраспространета епидемија на Ковид-19 надвор од Кина.


Ирена Ставрова

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата