29 Април, 2024
0.0282

Албум со автограми на „Beatles“ продаден на аукција за 290 илјади долари

Објавено во: Стил 05 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Копија на албумот на Beatles "Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band" со автограми од членовите на бендот беше продадена на аукција во САД за 290 500 долари, пренесе BBC. Цената е далеку над  30 те илјади долари, кои првично се очекуваа за ретката грамофонска плоча и го надминаа претходниот рекорд, а купувачот сакал да остане анонимен. Според Hollywood Reporter плочата била потпишана од сите четворица членови на Beatles пред нејзиното објавување во јуни 1967 година. Албумот оди во комплет и со официјалната сувенир програма на четвртата годишна конвенција на Beatles што се одржала на 26 август 1984 година. Според експертот Пери Кокс плочата е еден од двата најважни предмети поврзани со групата, додека втор ваков предмет е потпишаниот примерок на албумот "Meet the Beatles", кој се продаде за 150 000долари во 2011 година.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти