АЛБАНИЈА Е ТРЕТА ВО СВЕТОТ И ПРВА ВО ЕВРОПА: Ова се податоци кои го радуваат Еди Рама
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2023 18:09
Албанија бележи одлични резултати во туризмот. Таа е прва по пораст на полето на туризмот во Европа.
Премиерот Еди Рама денеска ги објави бројките на Светската туристичка организација, која за првите три месеци од оваа година ја рангира неговата земја на третото место во светот по раст на туризмот и на првото место во Европа по раст на туризмот во однос на периодот пред пандемијата. Албанија во изминатиот период од годинава, на светско ниво има раст од 54 отсто по Катар и Саудиска Арабија.
„Незапирливо зголемување на туристите кои ја избираат Албанија, не само за летната сезона покрај море, туку во текот на целата година, од Тирана насекаде од север кон југ“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Лани Албанија ја посетиле 7,5 милиони туристи, што е рекордна бројка. Тоа беше златна година за туризмот. Најмногу туристи имаат од Косово, Македонија, Грција, Италија. Инаку, албанскиот туризам за годинава има потреба од 100.000 работници.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




