Албанија му даде државјанство на Харадинај па ќе го „спасува“ со екстрадиција
Објавено во: Свет 25 Април, 2017
Косовскиот политичар и екс командант на силите на ОВК Рамуш Харадинај доби голема поддршка од албанската држава, откако претседателот Нишани му го одобри барањето за државјанство.
Следен чекор би бил Албанија да побара екстрадиција на Харадинај од Франција за тој да не заврши во рацете на српските власти каде треба да му се суди за воени злосторства.
– Во случај кога две-три држави бараат едно лице за исто дело, тогаш предност има државата чиј државјанин е тоа лице.Доколку дојде до тоа Албанија има право да побара екстрадиција,-изјави професорот Исмет меѓународно право Салиху за радио Косово.
На овој начин и се скратува можноста на Србија да ја добие екстрадицијата на Харадинај, а како дополнителна причина ќе биде наведено и можното нефер судење со кое тој би се соочил. Во четврток судот во Колмар треба да одлучи што ќе прави со Харадинај, дали ќе го ослободи, екстрадира или пак самиот ќе започне судска постапка против него.