Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓа ќе излезат на протест, на повидок е нов проблем
Објавено во: Балкан 30 Јануари, 2023 11:17
Се појави нов проблем за Србија. Албанците кои живеат на југот имаат барања до властите во Белград.
Албанското население од Прешево, Бујановац и Медвеѓа, најавува големи протести за во март, пишува сараевскиот весник „Ослобоѓење“. Тие бараат да се формира заедница на албанските општини по примерот на најавената заедница на српските општини на Косово. Велат дека се дискриминирани. Наведуваат дека во косовскиот парламент се обезбедени места 20 претставници на помеѓу 80 и сто илјади срби кои таму живеат, а 140 илјади Албанци во Србија имаат само еден свој претставник во парламентот на Србија.
Западот бара Косово да ја формира заедницата на српски општини.
Сега на маса е и француско - германски предлог за решавање на косовската криза.
Но, поранешниот српски претседател Борис Тадиќ вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ не постапил правилно и дека да бил тој на негово место, ќе го одбиел предлогот.Фото Zoonar GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




