18 Декември, 2025
0.1203

Тадиќ го обвини Вучиќ дека по мирен пат го изгубил Косово

Објавено во: Балкан 30 Јануари, 2023 07:34

Добивај вести на Viber

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ го обвини актуелниот претседател Алаксандар Вучиќ за попустливост, за кого како што рече „го изгуби Косово по мирен пат“.

Вели дека сегашната Влада има огромна одговорност за Косово. Тврди дека тој не би го потпишал предлогот за решавање на косовското прашање. 

„Доколку се потпише договор во рамките за кои денеска се разговара во јавноста и меѓународните кругови, ќе биде многу потешко. Речиси невозможно. Оваа влада, денес тоа е очигледно, мора да била свесна за барањата што ќе бидат поставени пред Србија најмалку неколку месеци претходно и не направила ништо  за да го спречи тоа. Потсетувам дека ниту во септември на Генералното собрание на ОН, Вучиќ ниту еднаш во својот говор не кажа дека членството на Косово во ОН е неприфатливо за Србија“, рече тој во интервју за Нова.

Објаснува дека Србија во војната го изгубила Косово, но и потоа по мирен пат. 

„Во текот на 1990-тите Србија го загуби Косово во војната, а тоа е апсурдно што го губи во последната деценија го загуби и во мир“, рече Тадиќ.

Тој не верува дека ако Србија го прифати овој предлог дека побрзо ќе напредува во евроинтеграциите. 

Инаку, Вучиќ објасни дека добил ултиматум, дека ако не го прифатат француско-германскиот предлог за Косово, странските инвестиции ќе си одат од Србија, преговорите со ЕУ ќе запрат, а ЕУ за српските граѓани ќе ги врати визите.  Вучиќ вели дека мир им треба на сите за да може Србија да се развива во иднина. 

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен