АЛАРМАНТНО: Ќе увезуваат мајстори од Пакистан, но и Македонија е опција
Објавено во: Економија, Балкан 11 Април, 2017
Шанса за работа ќе имаат и македонските работници.
Заради иселувањето, немањето занаетчии, малиот прираст, наскоро во Србија ќе нема кој да работи на градилишта.
Работници ќе се „увезуваат“ од странство, а пред се од истокот.
Како што предвидуваат експертите во Србија ќе бидат потребни квалитетни работници, затоа што ќе нема кој да лечи, гради, готви.
„За година или две ќе ни фалат добри мајстори од сите профили, керамичари, столари, водоинсталатери, машинобравари, електромонтажери. Странски фирми добиваат работа да ја одржуваат инфраструктурата и ќе доведуваат евтина работна сила од Индија и Пакистан, а можеби и од опкружувањето БиХ и Македонија, кои се евтини. Кинезите веќе се скапи за нас“ - вели Горан Родиќ, потпретседател на Градежната комора на Србија.
Тој додава дека квалитетните српски мајстори се скапи, во поодминати години и ги има малку.
До 2040 година во Србија ќе бидат потребни 100.000 работници. Од 2027 година земјата ќе почувствува сериозна криза за работници.