АЛАРМАНТНО: Што се случува со долгот на Кина?
Објавено во: Финансии 07 Април, 2018
Огромниот државен долг на Кина конечно би можел да се стабилизира оваа година, имајќи предвид дека претседтелот Си Џипинг како приоритет ја одредил контролата на финансиски ризици.
Вкупниот јавен долг на Кина ќе изнесува 260 отсто од БДП кон крајот на 2018 година, што исто како и пред 12 месеци, е просечна проценка на аналитичари кои учствувале во анкета на агенцијата Блумберг.
Кина е една од земјите со највисок ризик од соочување со банкарската криза, предупреди неодамна Банката за меѓународни порамнувања.
Кинеските власти, меѓутоа, преземале одредени чекори за да го спречат тоа. Строгите регулативи, ограничување на заеми помеѓу финансиски институции и постепено зголемување на трошоците на задолжување во минатата година допринеле на забавување на растот на долг.