АЛАРМАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вирусот од Кина ќе се рашири во други земји!
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2020
Светската здравствена организација соопшти денеска дека новиот корона вирус најверојатно ќе се прошири во другите делови на Кина и евентуално во други земји во наредниот период.
„Се очекуваат повеќе случаи во другите делови на Кина и веројатно во другите земји во наредните денови“, рече портпаролот на СЗО, Тарик Јасаревиќ, пренесе Ројтерс.
Досега во Кина, вирусот во најголем дел е концентриран во градот Вухан, иако има изолирани случаи во Шангај и Пекинг.
Светската здравствена организација ќе одржи состанок на Стручниот комитет за итни случаи за појава на коронавирус во Кина во среда.
Се очекува Светската организација да донесе одлука дали епидемијата на смртоносен вирус во Кина е меѓународен итен случај.