18 Мај, 2024
0.0315

Алармантен бројот на починати од Ковид-19: Починатите не се изнесуваат во лимени сандаци од Инфективна клиника, директорката Стевановиќ за Фактор

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Само во последните три дена, за временна продолжениот викенд, од корона вирусот во болнички услови починаа дури 45 пациенти. Бројката е повеќе од алармантна, а уште повеќе загрижува фактот дека меѓу нив има и луѓе на воздраст од 30-тина години. Јавноста веќе неколку месеци наназад бурно реагира во однос на високата стапна на смртност, а главното прашање е како може и пациенти на 40, 50, 60, а сега веќе и на 30 години да починат од вирусот. Здравствените власти најавија дека во сите клинички болници се прави анализа, но таа се уште не е јавно презентирана во јавноста. Единствено, неколку пати до сега со свои изјави излегоа директорката на Клиниката за Инфективни болести, д-р. Милена Стевановиќ, како и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р. Христијан Костов, напоменувајќи дека за разлика од пред неколку месеци, пациентите веќе не  ја кријат болеста, односно навреме бараат лекарска помош и инсистираат на болничко лекување.

-Високата смртност се должи на тоа што најголем број од пациентите се со многу други коморбидитети, а во тој случај вирусот прави огромни компликации. Таков е и случајот со 36-годишниот пациент кој почина во петокот.  При прием, пациентот имал масивна пневмонија и сатурација од 75 проценти. Пациентот бил со прекумерна тежина и имал дијабетес мелитус, тип 2 за која примал терапија, HTA, рече д-р Стевановиќ за Фактор.

Анализата за високата стапка на смртност е доста комплексна, па во оваа насока и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р. Костов истакна дека се уште се работи на тоа, а потоа и официјално ќе биде соопштена во јавноста.  

Освен, големиот број починати, граѓаните уште од пред неколку месеци исплашено говорат дека починатите пациенти во болнички услови, на семејствата им биле предавани во лимени сандаци. Бараат одговори зошто е тоа така и дали вирусот е многу поопасен отколку што се зборува. За ова Фактор разговараше со директорката на Инфективната клиника, д-р. Стевановиќ, која вели дека оттаму ниту еден починат пациент не бил изнесен во лимен сандак.

-Многумина досега ме прашале за ова. Јас лимени сандаци во Клиниката за инфективни болести не сум видела. Починатите пациенти пред да се стават во сандак, според сите протоколи им се прави целосна дезинфекција, а потоа сандакот со посебен механизам се затвора, за да не може да биде отворен, но тоа не се лимени сандаци. Причината зошто се затворени така е за да не дојде до ширење на вирусот во семејството, бидејќи многу обреди се прават кога ќе почине некој, а сето тоа е навистина голем ризик за понатамошно ширење на заразата, истакнува д-р. Стевановиќ за Фактор.

Инаку, последниве денови здравствените власти активно се мобилизираат околу отворање можности за поголм број болнички капацитети, бидејќи бројката на новозаразени секојдневно во просек е над 500, а дури 10 проценти од нив мора да бидат хоспитализирани.

Во моментов во болниците се лекуваат дури 547 пациенти заразени со корона вирусот, а во однос на лабораториите за тестирање, министетот за здравство, Венко Филипче викендов најави дека силниот есенски бран ги оптовари лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини. Рече дека се работи во три смени, а од почетоков на неделава разговараат и за отворање нови термини за тестирање.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување