05 Мај, 2024
0.0244

АКЦИЈА: Заменете ги старите електрични апарати со нови

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Ако имате стар нефункционален апарат заменете го за вредносен ваучер за нов производ е акцијата на Техномаркет и Нула Отпад. Под мотото „Старо донеси, ново однеси“ овие две компании по третпат во период од еден месец ќе овозможат одлични услови за замена на стариот електричен апарат со набавка на нов со поволни услови. Висината на вредноста на ваучерот зависи од тоа дали граѓаните своите стари уреди сами ќе ги достават во Техномаркет или ќе биде побарано од нивна страна да бидат преземени.

„Искуството од претходните две кампањи ни покажа голем успех со тоа што се собраа 100 тони еко отпад, а најмногу беа собрани мали апарати како пегли, фенови, стари мобилни телефони, стари телевизори и компјутерски монитори. Ние и оваа година ја продолжуваме нашата општествено одговорна мисија за создавање на еко чиста околина и воедно им овозможуваме на граѓаните да се ослободат од својот стар електричен и електронски отпад, а за возврат ќе добијат ваучер со кој ќе можат да купат нов производ од нашите салони. Задоволни сме од интересот на граѓаните, веќе стана традиција за ваква еко акција, така што сите заедно придонесуваме за зачувување и заштита на животната средина“, изјави Александар Медарски, раководител на малопродажба во Техномаркет.

Еко акцијата „Старо донеси, ново однеси“ е во согласност со Законот за управување со електрична и електронска опрема според кој електричниот и електронскиот отпад треба да се складира на соодветни места. Во спротивно, Законот предвидува казни од 60 евра за фрлање електронски отпад на несоодветно место.

„Ние како Друштво за управување со отпадна електронска и електрична опрема и отпадни батерии и акумулатори, во склоп со нашата општествена одговорност водиме грижа за околината и токму затоа заедно со Техномаркет ги охрабруваме граѓаните да се вклучат директно во кампањата. На овој начин не само што и тие самите ќе бидат општествено одговорни за својата животна средина, туку ќе имаат и бенифит. Очекуваме и овој пат да се собере што поголема количина опасен отпад, и се придонесе за ефективна реализација на целокупната еко акција”, додаде Марјанчо Дамески, управител на Нула Отпад.

Акцијата за предавање на електронскиот и електричниот отпад ќе трае до 19ти јуни, а сите заинтересирани граѓани што сакаат да го остават својот електронски и електричен отпад и да добијат вредносни ваучери за купување нов, ќе можат тоа да го направат со пополнување на апликацијата за преземање на отпадот што можат да ја најдат во секој продажен објект на Техномаркет во Скопје, Струга, Велес, Струмица, Битола, Куманово, Охрид, или да ја симнат он-лајн на веб страната www.technomarket.com.mk и ја достават назад на eco@kik.com.mk.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ