05 Мај, 2024
0.0228

Акциите на Бафет!

Објавено во: Анализа 13 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Пред некој ден Ворен Бафет го објави неговото писмо до акционерите не Беркшир, секако истото е достапно и може да го прочита и секој од Вас Кликнете и ќе видите каква интернет страница има компанијата која генерира милијарди, но овој текст не е за писмото на Ворен, туку за неговите акции. Еве што правеше најголемиот инвеститор минатата година. Ова се најкарактеристичните  холдинзи на неговата компанија: 1.Џенерал Моторс: Во изминатата година Бафет купи 67% повеќе акции во овој гигант. 1,6% од компанијата е во раце на Бафет. Акциите имаат вкупна вредност од 690 милиони долари 2.Вашингтон Пост: Љубител на весници, веќе поодамна има удел во Вашингтон Пост и тоа скоро 24%. 706 милиони долари е вредноста на овој холдинг. 3.Вал Март: Најголемата продавница во светот.  Бафет има акции вредни 3,4 милијарди долари, и поседува 1,4% од Вол Март.  4.Проктер и Гембл: Вкупно 52 милиони акции, и скоро 2% удел во оваа компанија. Вкупна вредност од 4,1 милијарди долари 5.Американ Експрес: Доста високи 13,6% поседува Бафет во овој банкарски гигант. 151 милион акции, кои вредат скоро 10 милијарди евра. 6.ИБМ: Огромни 68 милиони акции поседува Бафет во овој компјутерски гигант. Вкупно поседува 6% од компанијата и има докупени 600.000 нови акции  7.КОКА КОЛА: Легенардниот холдинг на Бафет, вкупно 400 милиони акции. 9% од секој долар за потрошен за Кока Кола оди кај Бафет (толку поседува од компанијата). Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад