15 Мај, 2024
0.0335

АКТИВИСТКА ОД ГРУЗИЈА: Русија постојано ни се заканува, мораме да станеме членка на ЕУ, ова е нашата шанса

Објавено во: Свет 15 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Самира Бајрамова, активистка од Грузија за Фактор вели дека Грузијците сакаат иднина без Русија и сега одлучуваат каков живот ќе живеат. Сакаат земјата да биде членкa на Европската Унија (ЕУ), да може Грузија да се развива и да се стави крај на територијалните претензии.

Таа е против предлог законот за странски агенти, кој власта го повлече.

„Дискусијата и усвојувањето на законот за странски агенти предизвика протест и загриженост во јавноста во Грузија. Вистина е дека владејачката партија се обидуваше да ја убеди јавноста дека тоа е наменето само за транспарентност, но тоа нема никаква врска со транспарентноста. Во Грузија, активностите на организациите, како и државата, се јавни. Сакам да забележам дека Уставот на Грузија одразува многу прогресивни и западни вредности. Овој Устав ја имаше истата суштина во 1921 година. Според тоа, овој закон беше спротивен на врховниот закон на Грузија. Целта на законот беше да се ограничат медиумите и организациите, да се зголеми нивното влијание и да се намали јавната активност. Овој закон беше неприфатлив за Грузија, која се движи кон Европа. Затоа општеството, особено младите, макотрпно се бореа за својата иднина“, вели Бајрамова.

Додава дека сакаат да стават крај на тензиите кои Русија ги создава во нивната земја.

„Русија секогаш  ѝ се заканува на Грузија и напоменува дека ќе нападне. Ние не ја сакаме Русија,  сакаме да живееме во Грузија без Русија. Имаме многу лош сосед, кој ги окупира нашите територии и постојано создава немири во нашата земја преку одредени партии и групи ориентирани кон Русија. Конкретно, често се обидува да создаде конфликт на етничко-национална основа. Руската ориентација на овој закон и систем целосно би нè оддалечила од Европа. Сега живееме во решавачки период, мора да ги исполниме 12-те препораки за да станеме официјална членка на Европската Унија, ова е нашата шанса. Кога беше основана првата Демократска Република Грузија, главната цел беше да се изгради Грузија без Русија. Владата го укина предлог-законот по јавниот протест. Сега не знаеме што ќе се случи следно. Кој е планот после тоа?“, додава Бајрамова.

Масовни протести минатата недела имаше во Грузија. Демонстранти се собраа во главниот град Тбилиси, но и во други градови. Луѓето извикуваа анти руски пароли.

Русија окупира 20 отсто од територијата на Грузија. Абхазија и Јужна Осетија се оцепени региони кои се под контрола на Русија.

За време на војната во Абхазија (1992-1993), руските сепаратисти протерале до 250.000 Грузијци од Абхазија. Околу 23.000 Грузијци се иселиле од Јужна Осетија.  Грузијците кои војуваат во Донбас, велат дека тоа го прават за да им помогнат на Украинците и затоа што се плашат дека по Украина, Русија ќе ја нападне Грузија. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“