19 Мај, 2024
0.0259

Активисти не го сакаат Лимак во Скопје, ќе го „ердоганизирале“

Објавено во: Економија 28 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Активистите од „Во одбрана на Дебар Маало“ со рекација дека не сакаат холдингот Лимак да инвестира во Скопје по стартот на изградбата на подземниот тунел и мултифункционалниот комплекс на местото на Јужен булевар, зад Рамстор мол.

Ги повикуваат истражните органи, вклучително и специјалното јавно обвинителство, да поведат истрага за изградбата на подземната улица и комплексот кај Старата железничка станица, каде што инвеститор е турската компанијана „Лимак холдинг“. Од иницијативата велат дека со двата проекта компанијата го оддалечува Скопје од исполнување на европските стандари за урбано живеење.

„Компанијата ‘Лимак’ не само што со овој проект ќе го претвори центарот на градот во неподносливо место за живеење туку воспоставува пракси на водење бизниси, кои се веќе видени во Турција. Имено, последниве 15 години ‘Лимак’ профитира од сомнителни зделки со владејачката партија во Турција и нејзиниот лидер Реџеп Таип Ердоган. Значи, ‘не’ за ердоганизација на градот, а „за“ за европско Скопје“, велат од иницијативата 

Од таму додаваат дека проектот ќе вклучува речиси 1.000 стана во 20-катници, со канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности, каде што ќе биде сместен Музејот, ќе има места за јадење и пиење, фитнес-центар, казино и паркинг со капацитет за 2.000 автомобили и тоа ќе го прави тој дел од Скопје неподнослив за живеење.

Турскиот Лимак започна со изградба откако по шест години чекање ги доби сите дозволи за градба.


Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија