Aко златниот и сребрениот накит ги чувате заедно правите грешка
Објавено во: Стил 08 Ноември, 2022
Сребрениот и златниот накит треба да ги чуваме одвоено. Oва е совет на познавачите со цел долго време накит да ја задржи убавината како на денот кога сте го купиле.
Несоодветното чување води до спонтани реакции на оксидација-редукција кои предизвикуваат дупчење и промена на бојата на накитот.
„Проблемот е во тоа што ако ставите два метали заедно, ќе создадете, во суштина, батерија, галванска ќелија каде овие јони ќе се транспортираат еден покрај друг и тоа ќе доведе до корозија“, Маркус Јанг, вонреден професор на науката за материјали и инженерството од Универзитетот во Северен Тексас.
Изложеноста на воздух во голема мера придонесува за оксидација, поради што експертите се согласуваат дека индивидуалното складирање на предмети во чиста и сува средина останува оптимален метод за зачувување на накитот без гребнатини и дамки.
foto freepik.com/bearfotos