АКО ЗАМИНУВАТЕ ИЛИ СТЕ ВО БРИТАНИЈА: Во овие градови најлесно ќе најдете работа
Објавено во: Финансии 30 Јуни, 2017
Аплицирањето за работа е конкурентен процес. Работното место кое сте го одбрале може да е изборот и на многумина други кандидати. Затоа има начин да ги зголемите вашите шанси за успех во пронаоѓањето на нова позиција, така што ќе го изберете вистинското место.
Во случајот - вистинскиот град.
Бизнис инсајдер открива 10 градови во Велика Британија, каде што е најлесно да се најде работа. Податоците се од истражувањето на сајтот за работа Adzuna.
10. Ексетер
Во Ексетер слободните работни места за секој невработен се 5 - т.е. 0,2 лица на работно место.
9. Манчестер
Тука соодносот е 0,18 кандидати за едно работно место. Повторно 5 можности за секој кандидат.
8. Саутемптон
Тука соодносот е 0,17 кандидати за едно место.
7. Ворингтон
Во овој град има 6 слободни позиции за секој кандидат.
6. Винчестер
Тука соодносот на слободни места за апликантите е 6,6.
5. Рединг
И тука соодносот на слободни позиции кон невработените е 6 до 1.
4. Оксфорд
Во Оксфорд 0,13 лица аплицираат за 1 работно место, или повеќе од 7 позиции на 1 невработен.
3. Свиндон
Цели 8 слободни места за еден кандидат.
2. Гилфорд
Во Гилфорд соодносот отскокнува на 11 работни места на 1 кандидат.
1. Кембриџ
Кембриџ е најдобро место да се најде работа во Велика Британија. Тука 0,05 лица бараат едно работно место, или по 20 можности на човек.